Исчезнаа 30 садници од градскиот парк кои беа засадени од страна на службите од ЈП „Комуналец“ во рамки на хортикултурното уредување на паркот, на потегот од споменикот на Св. Кирил и Методиј до хотел „Палас“.

Ова е само една од низата кражби на садници во парковите кои во последниот период се позачестено се случуваат.


Континуирано се деградираат хортикултурните осмислени решенија со што се нарушува целосниот изглед на парковите. На овој начин се фрлаат во вода сите наши заложби за убаво уреден град кој со своите цветни катчиња ги воодушевува како нашите сограѓани, така и туристите. Крајно време е надлежните да преземат мерки, за ваквите деструктивни нарушувања на парковите да престанат, велат од ЈП „Охридски комуналец“.


Минатата недела беа украдени уште 20 садници од зелената површина кај кружниот тек на улица „Момчило Јорданоски“.

OhridNews