Акцијата се изведуваше по налог од Комуналната инспекција, а вработените од Ј.П.”Охридски Комуналец” беа вклучени само во делот на подигање на отстранетиот материјал, стои во соопштението.
Настанот се случил после завршувањето на акцијата, кога вработените од ЈП Комуналец биле повикани од страна на сопственик на шанк да помогнат при спуштање на металната конструкција. Имено, при отстранување на опрема од правен субјект, сопственикот побарал да не се отстранува неговата опрема, туку дека тој сам ќе обезбеди лица кои ќе ја отстранат опремата, со што нема да ги сноси трошоците за отстранување. Вработените од Комуналец биле повикани да му помогнат на лицето кое го обезбедил сопственикот на шанкот, за да му помогнат да ја спуштат металната конструкција која била на поголема висина, кога и дошло до немилиот настан.