Ј.П.”Охридски Комуналец” утре во периодот од 10.00 до 10.30 часот пред административните простории ќе изврши презентација на нови возила. 

 

 Ј.П”Охридски Комуналец” го збогати својот возен парк со четири нови возила за потребите на работните единици “Комунална Хигиена” и “Паркови и Зеленило”.

Возилата се наменети за подигање, транспорт и депонирање на комунален отпад и за транспорт на работници при извршувaње на нивните секојдневни активности.

Ohridnews