Како што информираат од претпријатието, во периодот од  24- ти јуни до 6- ти јули извршено е генерално косење на тревата во селата и приградските населби, меѓу кои во селото Љубаништа, Трпејца, Пештани, Коњско, населба Исток, Св.Стефан, Рача, Велгошти, Лескоец, Косел, Горно и Долно Лакочереј, Подмоље и Велестово.

–    Имајќи во предвид дека туристичката сезона е во полн ек Ј.П.”Охридски Комуналец” со својата организациона поставеност внесе новитет во работењето со тоа што ангажира лица за одржување на хигиената и плажите  по целото крајбрежје : секојдневно во Трпејца, Пештани,  Лагадин и Св.Стефан и еднаш неделно во: селото Љубаништа, Коњско, населбата Исток и Елшани, велат од јавното претпријатие.

Од Охридски комуналец информираат и дека заради потребата од повисок степен на одржување на хигиената поради голем број манифестации кои се одржуваат во селото Велгошти, секојдневно се третира и ова подрачје. Во селата Лескоец, Косел,  Горно и Долно Лакочереј, Подмоље и Орман динамиката на одржување на хигиената е еднаш неделно.

Остварена е и средба со претставници од месната заедница Велестово, со цел  јавното претпријатие да им излезе во пресрет на барањата на жителите за косење, чистење и поставување на контејнери на пристапни локации во селото.

OhridNews