Патрониот празник „7-ми Ноември„ Ј.П.Охридски Комуналец го прослави со низа свечености и активности.
Одбележувањето на празникот започна во понеделникот со одржување на хуманитарно продажна изложба на фотографии од Проектот „ Охрид-град на цвеќето 2012„ од авторот Петар Боев. Изложбата се покажа повеќе од успешна, а средствата од продадените слики беа донирани во опремувањето на новите простории од детската градинка „Јасна Ристеска“.
Денес на свечен начин беше промовиран новиот парк позади црквата „Света Софија„. Овој простор кој беше запоставен, сега доби сосем друг лик. Целата површина е реконструирана, засадени се трева и украсни садници, а поставени се патеки, корпи, клупи и рефлектори.
Празнувањето продолжи во административните простории на претпријатието каде беа доделени 27 јубилејни награди за 35, 25, 20 и 10 години непрекината работа на вработени. Беа доделени и 12 благодарници на наши деловни партнери кои во изминатава година ја потпомогнаа и афирмираа работата на јавното претпријатие.
За прв пат оваа година доделени се награди за најуспешни работници од секоја работна единица, при што се даделени 6 награди за покажан успех и залагање во изминатата година, информираат од претпријатието.