ЈУ Национален парк „Галичица“ со превентивни мерки за заштита на паркот од пожари.

Од јавната установа соопштуваат дека има забрана за сите кои живеат или престојуваат на територијата на паркот, за палење на оган, фрлање догорчиња и други причинители на пожари на отворен простор.

– Пресуден фактор за појава на пожари на отворено е човечкиот фактор. Голем број од пожарите се предизвикани поради невнимание или со намера и затоа превентивата е најдобра заштита за зачувување на природните вредности на паркот, велат од НП „Галичица“.

Од јавната установа предупредуваат дека од страна на чуварската служба, против сите оние кои нема да ја почитуваат забраната ќе се преземат мерки согласно законот. Оттаму додаваат дека сите посетители се добредојдени да уживаат во природните убавини на Галичица, но се молат да не ги уништуваат природните вредности на паркот. 

OhridNews