“Црвените ѓаволи“ трофејот во најсилната англиска лига го осигураа со фуриозната победа над Астон Вила на “Олд Трафорд“ 3-0.

Сите дилеми за победникот на последниот дуел од 34-та рунда во Премиер лигата ги разреши холандската машина за голови Робин ван Перси, кој до 33-та минута постигна хет трик.
Со овие три голови Холанѓанецот изби на чело од листата на стрелци во Премиер лигата и се издвои како најсериозен кандидат за најдобар фудбалер.

На четири натпревари до крајот од шампионатот Јунајтед има 16 бодови предност пред градскиот ривал Манчестер Сити, кој има натпревар помалку.
По одлучување на новиот владетел во Премиер лигата во преостанатите четири натпревари сите погледи ќе се свртат за местата кои водат во Лигата на Шампиони и трката за опстанок, која сезонава ќе биде крајно неизвесна.










