На 26- ти октомври, петок, во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе започне 10- тото по ред јубилејно издание на Фолклорни смотри во организација на Сојузот на Фолклорни Ансамбли на Македонија во соработка со охридското културно- уметничко друштво “Охриѓанка “.

Смотрите се од натпреварувачки карактер, а ќе земат учество фолклористи од различни градови меѓу кои : Охрид, Битола, Кичево и Демир Хисар кои ќе се погрижат да се претстават во најдобро светло и да го претстават македонскиот фолклор и традиција.

Фолклорните смотри свечено ќе бидат отворени во 19 часот,  со презентација на Краток Филм – Историјат на КУД”Охриѓанка”, а пред присутните ќе се обрати претседателот на Сојузот на Фолклорни Ансамбли на Македонија:  Боро Рутевски.

Влезот е слободен.

OhridNews