Силниот јужен ветер што во текот на изминатото деноноќие дува во Охрид го разбранува езерото. Силни високи пбранови го заплискуваат крајбрежјето. Поголем дел од градскиот кеј повремено е  под вода, а на површина исплива и ѓубрето од Охридското Езеро.


Од денес времето ќе биде променливо облачно и потопло со сончеви периоди и со повремени врнежи од дожд, што ќе предизвика топење на снегот и на повисоките места. Макссималната дневна температура во понеделник ќе достигне 10 степени, а во вторник и до 13 степени Целзиусови.

OhridNews
фото: Мирко Постоловски