Јужниот ветер кој деновиве интензивно дува изфрла големи количини на отпад од Охридското Езеро. Екипи на јавното претпријатие „Охридски Комуналец“ секое утро го расчистуваат кејот и крајбрежјето во центарот на градот од отпад кој се подига со механизација. Покрај прирдниот можат да се забележат и големи количини најразличен цврст отпад.
Според најавите ветровите време ќе имаме и во наредните денови, а тоа значи полни раце работа за комуналците.
OhridNews














