Јужен ветер и вечерва дува во Охрид, но со послаба сила од вчерашниот ден кога разбрануваното езеро предизвика големи штети на угоститески објекти и плажи во централното подрачје. Надојденото Езеро и натаму се прелева на кејот и пониските делови во центарот на градот, но брановите не се така разорни како вчера, кога целосно беше урнат дрвениот Мост на желбите кај Канео и беа уништени летните тераси и платформи на угостителските објекти кои ја бројат штетата од невремето.
Во недела ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поинтензивни процеси се очекуваат во раните утрински часови во западните, а околу пладне во источните делови од земјава, каде за кратко време можно е да наврнат над 15 л/м2 дожд. Попладне облачноста ќе се намали. Посвежо време со врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни ќе има и во текот на наредната работна седмица, освен во вторник кога ќе биде претежно суво. На планините ќе врне снег. Во четврток се очекува и значително заладување, па врнежите речиси насекаде ќе бидат од снег, информира УХМР Македонија.
OhridNews











