Како што денес информира градоначалникот Александар Петрески, потпишани се решенијата за избор на директор во основните училишта „Христо Узунов“ и „Братство и единство“.

Согласно одлуката на градоначалникот, за нов директот во ОУ „Братство и единство“ е избран Муамер Доко, професор по математика и физика кој по оставката на Осман Османи во октомври минатата година беше поставен за ВД директор во училиштето.

Во ОУ „Христо Узунов“, Петрески одлучи директор да биде досегашниот педагог во ОУ „Дебрца“, Дијана Јулоска.

Градоначалникот изрази задоволство од работењето на претходните директори на овие основни училишта, но потенцира дека поради законски пречки немал можност повторно да ги избере истите.

– Им честитам на новоизбраните директори и се надевам дека и тие ќе работаат успешно како што тоа го правеа претходните директори, рече Петрески.   

OhridNews