Од утре цената на струјата за домаќинствата ќе биде повисока за 3,47 отсто, соопшти денеска  Регулаторната комисија за енергетика.

Оттаму информираат дека поскапувањето се должи на трошоците на енергетските компании односно, на најавената целосна либерализација на пазарот на електрична енергија, која треба да стартува од први јануари 2015 година.

Исто така, од утре поскапуваат и цигарите. Зголемувањето е резултат на донесените законски измени со кои  се предвидува етапно зголемуавње на акцизата до 2023.

OhridNews