Со двата голови за Манчестер Јунајтед во победата над Сандерленд, Аднан Јанузај целосно го сврте вниманието кон себе во фудбалска Европа.


Договорот на Јанузај со „црвените ѓаволи“ му истекува за две години, а веќе неколку клубови сериозно се заинтересирани за неговите услуги.

Од актуелниот англиски првак реагираа брзо и му понудија нов договор со неделна плата од 60 000 фунти. Ваквите богати договори за млади фудбалери не се во практика за Јунајтед, но сега мораат да ги прекршат своите правила и да го задржи Јанузај.

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Дејвид пред десетина години дури и на помала возраст од Јанузај шанса за деби во Премиер лига му даде на Вејн Руни, кој сега е предводник на тимот од Олд Трафорд.

Мх.П.