Иако одделни медиуми во Англија најавија дека Герет Бејл во вторник ќе потпише шестгодишен договор со Реал Мадрид, „Manchester Evening News“ пренесува дека во трка за потписот на играчот на Тотенхем, сериозно се вклучил Манчестер Јунајтед.

Според истиот извор, челниците на англискиот шампион на Тотенхем за трансферот на Бејл му го понудиле Вејн Руни и сума од 60 милиони фунти.

Јунајтед, на почетокот на преодниот рок покажуваше интерес за Бејл, но настаните кои се случуваа изминатата недела укажуваа на тоа дека Велшанецот ќе се пресели во Мадрид, за рекордна сума од 99 милиони евра.

По најновите информации кои пристигнаа од Островото, останува да се види во кој правец ќе замине Бејл. Англиските медиуми наведуваат дека Тотенхем сè уште не дал ’зелено светло’ играчот да се пресели во Реал Мадрид.

„Макфакс“