Манчестер Јунајтед по само десет месеци ја прекина соработката со менаџерот Дејвид Мојс, кој го замени Сер Алекс Фергусон.

Неколку тренерски имиња се поврзуваат за можни наследници на Мојс. Прв кандидат е Луис ван Гал потоа Јирген Клоп, а тука е и тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне.
Не се исклучува можноста до крајот на сезоната екипата да ја предводи Рајан Гигс, а потоа да се бара тренер, кој ќе седне на клупата од „црвените ѓаволи“.
Мх.П.











