Градските ривали од Манчестер ја продолжија борбата за првата позиција на табелата во Премиер лигата, откако забележаа нови победи во 6-та рунда од шампионатот. „Црвените ѓаволи“ со минимални 1-0 го совладаа Саутемптон, додека „граѓаните“ со 5-0 го преслушаа фенерџијата Кристал Палас.
Стрелец на голот вреден за Манчестер Јунајтед на гостувањето на „Сент Мери“ беше Ромелу Лукаку во првиот дел. Манчестер Сити повеќе од 40 минути бараше решение за бедемот на Кристал Палас, а после голот на Лерој Сане во 44-та минута бродот на гостите тргна низ брдо. Два погодоци потоа реализираше Рахим Стерлинг, а по еден Серхио Агуеро и Фабијан Делф.
Вистинското лице во оваа рунда го покажа актуелниот шампион Челси кој со 4-0 триумфираше на гостувањето кај Стоук. Трите од четирите голови постигна Алваро Мората, а еднаш во листата на стрелци се запиша и Педро Родригез.
Резултати: Вест Хем – Тотенхем 2-3, Барнли – Хадерсфилд 0-0, Евертон – Бурнмаут 2-1, Мен Сити – Кристал Палас 5-0, Саутемптон – Мен Ју 0-1, Стоук – Челси 0-4, Свонси – Ватфорд 1-2, Лестер – Ливерпул.
Табела: Мен Сити 16, Мен Ју 16, Челси 13, Тотенхем 11, Ватфорд 11…
OhridNews