Со головите на Ешли Јанг и Патрис Евра во вториот дел екипата на Манчестер Јунајтед победи против Стоук 2-0 и обезбеди пласман во 1/2 финалето во Капитал Купот. Виза за најдобрите четири обезбеди и Вест Хем, кој на „Вајт Харт Лејн“ го совлада Тотенхем со 2-1.  

Покрај актуелниот првак во англиската Премиер лига, Манчестер Јунајтед и Вест Хем во 1/2 финалето се пласираа Сандерленд и Манчестер Сити.

Мх.П.