Менаџерот на “црвените ѓаволи“ Сер Алекс Фергусон долго време го следеше Левандовски беше на чекор од трансфер на почетокот од сезоната, но не се пресели на Олд Трафорд.
Полјакот вниманието го сврте откако на првиот полуфинален дуел со Реал Мадрид постигна четири погодоци. Цената за Левандовски која ќе плати финалистот во Лигата на Шампиони е 25 милиони евра.
Пред две недели управата на “баварците“ обелодени дека за 37 милиони евра од тимот на Дортмунд го ангажираа Марио Геце, а на пат е да му приклучи и Левандовски.