Манчестер Јунајтед ја врати “пристојната“ разлика од пет поени пред конкурентот за титулата Манчестер Сити. “Црвените ѓаволи“ на Олд Трафорд, забележаа “покер“ победа над Астон Вила.


Избраниците на Фергусон уште во првиот дел ја осигураа победата, откако Руни и Велбек погодија во мрежата на Гивен. Целата работа Манчестер ја финишираше во вторите 45 минути, Руни со вториот гол зголеми на 3-0 додека конечните 4-0 ги постави Нани на истекот на мечот.

Мх.П.