Со голот од слободен удар на Робин ван Перси во 93-та минута Манчестер Јунајтед го совлада градскиот ривал Манчестер Сити 3-2.


“Црвените ѓаволи“ имаа предност од 0-2 со погодоците на Вејн Руни, кој стигна до 150 гол во Премиер Лигата.

Избраниците на Италијанецот Роберто Манчини со головите на Јаја Туре и Аргентинецот Забалета ја анулираа предноста.

Во многу наврати до сега фудбалерите на Манчестер Јунајтед потсетија дека фудбалот се игра до последниот свиреж на судијата. Холандскиот интернационалец Ван Перси во последната минута од судиското продолжение постигна победнички гол за Јунајтед и донесе неизмерна радоста во црвениот дел од Манчестер.

Резултати : Мен Сити – Мен Ју 2-3, Евертон – Тотенхем 2-1, Вест Хем – Ливерпул 2-3.

Табела : Мен Ју 36 бодови, Мен Сити 30, Челси 29, Евертон 26. . .

Мх.П.