Успехот на машката кошаркарска репрезентација на Европското првенство во Литванија е најпозитнивниот настан во 2011 година сметаат граѓаните на Охрид. Тие како и сите Македонци еуфорично ги прославуваа историските победи на Перо Антиќ, Бо Мекејлеб, Гечевски, браќата Стојановски, Илиевски, Самарџиски и другарите, кои ја покорија Европа, освојувајќи го 4-то место на шампионатот на кој важеа за апсолутни аутсајдсери.

Речиси поденакво значење за охриѓани има и одлуката на Меѓународниот суд во Хаг по тужбата на Република Македонија против Грција во спорот за името.

Далеку зад овие два настани се ушта два моменти кои значајнио ја одбележаа 2011, економска криза и враќањето на холандските туристи.

За кошаркарските херои на анкетата на OhridNews гласаа 47 отсто од читателите, за Хаг 40 проценти, додека останатите гласови отидоа за економската криза и враќањето на холандските туристи.

OhridNews