Со почетокот на училиштната година, започнуваат и
спортските активности за дечињата. Фудбалската школа Јуниор е отворена
за сите дечиња кои сакаат да откријат магијата која ја крие фудбалот.

     

ON : Започна нова фудбалска година во школата ЈУНИОР, како сте задоволни од одзивот?

Јуниор :  Со
почетокот на новата фудбалска сезона, присуството на досегашните дечиња
на тренинзите ни дава мотив да продолжиме со напорна работа, што би се
одразило на анимација на поголем број нови активни фудбалерчиња кои
сакаат да тренираат фудбал. Одзивот е одличен и повеќе од изненадувачки.

ON : Какви се плановите за оваа фудбалска сезона, учества на турнири?

Јуниор :  
Плановите ни се сведени на одигрување на натпревари за сите генерации,
особено за време на викендите. Планирани се и некои други активности, и
секако планирано е учество на турнир во странство.

ОN : Отворивте кокнурс за деца од 7 години, која е “вистинската” возраст за да се започне со запознавање на тајните на фудбалот?

Јуниор :  Изучувањето
на фудбалската азбука е најдобро да се почне на 7 годишна возраст
Искуствата покажуваат дека оваа возраст е идеална за да се почне со
тренинг, со систематска обука со фудбалската техника на дечињата и
полека со тек на време да се подготвуваат за другите предизвици кој
следат во подоцнежните години.

ON :  2 бронзи на неодамна одрзаниот “Фер Плеј куп“, сигурно се дополнителен мотив за децата?

Јуниор : Со
оглед на тоа што сме постоиме само 2 години, дечињата со своето
ангажирање  дисциплина, а и континуирана посветеност на тренинг и на
натпревар, успеаја да освојат 2 бронзи во генерација 2000 и 2002.
Талентот е присутен, квалитетот исто така, останува работата. Овие
медали влијаат позитивно кај самите дечиња, и даваат дополнителен мотив,
за да тренираат. Затоа што видоа дека работа се постигнува се.

ON : Kаква е соработката на релација Јуниор – Сојуз на училиштен спорт ?
       
Јуниор :  Самото учество на одредена група на деца од нашата Фудбалска школа на
овој турнир докажува дека соработката со сојузот на уцилисен спорт е
добра. Позитивно е искуството да се соработува со нив. Но секогаш постои
простор оваа соработка да се подобрува, надоградува, со еден заеднички
интерес, да се анимираат што повеќе деца и тоа преку дијалог,
реализација на проекти и многу други форми. Најважно е младите да ги
донесеме на стадион и да ги натераме да спортуваат, како би ги отргнале
што подалеку од пороците кои се` повеќе присутни. 

Ohridnews