Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, изјави дека Европската Унија треба да се отвори кон прифаќањето нови членки од Западен Балкан за да се избегне ризикот од нови војни во регионот.

Јункер, обраќајки се во Европскиот парламент, нагласи дека доколку ЕУ не се отвори кон овие земји што се наоѓаат во многу комплициран и трагичен регион и доколку не им даде европска перспектива, постои можност за враќање на војната во ова подрачје, каква што имаше во 90-тите години.

OhridNews

Макфакс

„Не сакам да видам нова војна на Балканот, па затоа мораме да се отвориме за нив“, рече Јункер