Кармен Бауцетар Охрид

Од 01.06.2023 - 09:00 до 30.06.2023 - 18:00

Jунска акција во „Кармен Бауцентар” Охрид за најдобриот фасаден систем во Р. Македонија „BEKATHERM” од познатиот бренд “BEKAMENT”.

Како главен увозник и диструбутер за бреднот „BEKAMENT”, „Кармен Бауцентар“ во соработка со истоимената фабрика овој месец организара посебна понуда за фасадните системи проследена со специјални попусти за клиентите.

Истовремено нудиме стручни решенија за сите поеднинечни ситуации, достапен лагер и брза логистика, надзор и директна поддршка од стручни лица на објектите на кои се изведува фасадниот систем, гаранција од 10 до 25 години на фасден систем и можност за изведба на фасадниот систем од страна на мајстори со долгогодишно искуство, потенцираат од „Кармен Бауцентар” Охрид.

Системските решенија на „BEKATHERM” фасадни системи, информираат се поделени во неколку категории зависно од потребите на клиенти.

Најпродаваниот фасаден систем е „BEKATHERM Standard White“ кој е составен е од изолациона плоча од експандиран полистирен EPS (стиропор), минерално лепило за лепење на изолациони плочи и за армирање на стаклена (фасадна) мрежичка, фасадна мрежичка, oсновен премаз (подлога) и завршен фасаден малтер. Овој систем воедно е финансиски најисплатливо решение за термоизолација погодно за сите објекти (стари или нови), велат.

Фасаден систем, пак, „BEKATHERM Standard Graphite“ додаваат е составен од од изолациона плоча од експандиран полистирен EPS збогатен со графит (графитен стиропор) кој овозможува 20% подобри термоизолациски својства во однос на термоизолацијата со изолациони плочи од бел експандиран полистирен (стиропор), а исто така овозможува одлична водоотпорност.

Силиконскиот завршен фасаден малтер е одлично решение за објектите кои се изградени во близина на водени површини.

„BEKATHERM Prestige“ фасадните системи составени се од изолациони плочи или ламели од минерална (камена) волна, минерално лепило за лепење на  изолациони плочи и за армирање на стаклена (фасадна) мрежичка, фасадна мрежичка, oсновен премаз (подлога) и завршен фасаден малтер.

Овој систем припаѓа на класата A2 што значи дека е негорив односно е огноотпорен материјал. Следните карактеристики на овој фасаден систем се одличната паропропустливост, одличната звучна изолација, отпорност на УВ зрачење како и на атмосферски влијанија.

Набавете фасаден материјал по специјални цени на убедливо најпродаваниот фасаден систем во Македонија – „BEKATHERM”!- порачуваат од “Кармен Бауцентар” Охрид.

 OhridNews/PR