Актуелниот првак во Италија, Јувентус среќно избегна пораз на гостувањето кај Фиорентина на Артемио Франки.


Виолетовите беа подовар тим, имаа повеќе прилики, а најблиску до гол беше Јоветиќ кој ја затресе пречката.

“Бјанконерите“ одиграа меч за заборав, но успеаа да ја продолжат непобедливата серија на 44 меча.

Останатите мечеви од петта рунда се играат во среда и четврток.

Среда, 26.септември:

Пескара-Палермо,Катанија-Аталанта, Киево-Интер, Џенова-Парма, Милан-Каљари, Наполи-Лацио, Рома-Сампдорија, Торино-Удинезе

Четврток, 27. септември:
Сиена-Болоња