Бранителот на трофејот во „Калчо лигата“, Јувентус најверојатно без најскапиот играч во историјата на клубот Гонзало Игуаин ќе му се спротистави на Наполи во дербито кое ќе се одигра во петок во рамките од 15-та рунда од Серија А.

Игуаин подолго време има повреда на раката, а ситуацијата се влошила до толку да мора фудбалерот да оди на операција. Токму поради таа причина тој го пропуштил вчерашниот меч со Кротоне кој „бјанконерите“ го добија со 3-0.

Иначе, Игуаин има надимак „предавник“ во Неапол, откако за рекордни 95 милиони евра од „азурите“ се пресели во Јувентус. Како причина за трансферот аргентинскиот репрезентативец ги наведе трофеите и директно го пецна поранешниот клуб.

Наполи сезонава блеска во Серија А и после 14-ет одиграни мечеви е лидер на табелата со 38 бодови. Јувентус има четири бодови помалку и се наоѓа на третата позиција. Измеѓу нив на табелата е Интер со 36 бодови.

OhridNews