Првакот во Серија А, Јувентус се соочува со големи проблеми пред почетокот на новата сезона. Тренерот кој го врати Јувентус на врвот Антонио Конте е суспендиран три месеци поради криење и молчење за натпревари кои знаел дека се наместени додека бил тренер на Сиена.

Конте исто така заработи и парична казна од 200 000 евра, а поголема суспензија го очекува Бонучи кој директно е вмешан во скандалот кој избувна пред почетокот на ЕП во Полска и Украина.

Мх.П.