Триуфмот во дербито со Интер, го остаде Јувентус во игра за титулата во Серија А. “Нероазурите“ оддолеваа на нападите во првите 45 минути, а бедемот од голот на бразилецот Жулио Цезар “пукна“ во 57-та, стрелец беше Касерес. Конечните 2-0 ги постави легендата на “старата дама“ Алесандро Дел Пиеро во 71-та минута.

Резултати : Аталанта – Болоња 2-0, Чезена – Парма 2-2, Киево – Сиена 1-1, Џенова – Фиорентина 2-2, Лацио – Каљари 1-0, Наполи – Катанија 2-2, Новара – Лече 0-0, Јувентус – Интер 2-0.

Табела : Милан 63, Јувентус 59, Лацио 51, Наполи 48, Удинезе 48, Рома 44. . .

Мх.П.