Јувентус и Катанија им се придружија на Рома во 1/4 финалето во Копа Италија. “Старата дама“ со минимални 1-0 славеше над Каљари. Стрелец на голот беше Џовинко во 54-та минута од натпреварот.


Катанија пласман во 1/4 финалето обезбеди откако на гостински терен ја совлада Парма по изведување на пеналите 4-3. Регуларниот дел од мечот заврши без победник 1-1.


Мх.П.