Јувентус и Лацио ја сочинуваат првата двојка во 1/2 финалето во Копа Италија. “Старата дама“ пред своите гледачи после продолженијата успеа да го совлада Милан со 2-1. Стрелец на голот вреден полуфинале беше Мирко Вучиниќ во 95-та минута.


Натпреварот започна одлично за “росонерите“ откако во 7-та минута најдобриот поединец сезонава Ел Шарави го отвори резултатот. Радоста за “миланезите“ траеше само пет минути.  Џовинко од слободен удар успеа да го изедначи резултатот 1-1, кој остана до крајот на мечот.

Измената Вучиниќ – Џовинко се покажа пресудна за четврфиналниот дуел.  Црногорецот Вучиниќ во петтата минута од продолжението беше побрз од голманот Амелија и ја смести топката во мрежата и обезбеди пласман за Јувентус во најдобрите четири.

Мх.П.