Италијанските медиуми јавија дека фудбалскиот клуб Јувентус понудил 20 милиони евра, вклучително и бонуси, на шпански Атлетик Билбао за напаѓачот Фернандо Љоренте.


Претседателот на минатогодишниот финалист во Лига Европа, Хосу Урутиа, во понеделник рече дека 27 годишниот центарфор не сака да го продолжи договорот со Атлетик, но и дека клубот нема да го пушти за помалку од 30 милиони евра обештетување.

Љоренте има договор со Атлетик Билбао до 30 јуни 2013 година. Тој минатата сезона постигна 28 голови за Атлетик, во кој игра од 2004 година