Водечките екипи во италијанската Серија А, Милан и Јувентус, вечерва ќе решат која екипа ќе биде првиот финалист во купот на Италија.

Домаќинот на овој меч, Јувентус, во реваш-полуфиналниот дуел велгува со предност од 2:1, до која стигна благодарение на двата гола на дефанзивецот Касерес. Покрај резултатот и статистиката оваа сезона е на страната на „старата дама“, која е единствена екипа без пораз во Италија.

Според најавите, Милан, на стадионот на Јувентус, ќе истрча во комбиниран состав. Тренерот Масимилијано Алегри повеќе е сконцентриран на одбрната на титулата во првенството и четвртфиналните мечеви со Барселона во Лигата на шампиони.

Натпреварот во Торино ќе стартува во 20:45 часот.