Јувентус се пласираше  во финалето од Копа Италија, откако ремизираше 2-2 против Милан во реванш дуелот од полуфиналето.


Дел Пиеро во првиот дел го отвори резултатот, а “росонерите“ со головите на Месба и Макси Лопез во вториот дел успеаа мечот да го одвеат во продолженијата. На стартот на првото продолжение Мирко Вучиниќ упати вистинска бомба која Амелија не успеа да ја одбрани.

Противник на Јувентус во финалето ќе биде подобриот од дуелот Наполи – Сиена. Тимот на Пандев има негатива од 2-1 по првиот меч.

Ohridnews