Италијанскиот првак, Јувентус на најдобар можен начин со “покер“ победа над Удинезе стави крај на резултатската мини криза која го зафати.


“Бјанконерите“ во последните две кола од можни шест на своето конто запишаа само еден бод, а за тоа скапо плати Удинезе, кој од Торино беше испратен со четири парчиња во мрежата. Младинскиот француски репрезентативец Погба со двата голови го разби бедемот на Удинезе, третиот гол беше дело на Вучиниќ додека конечните 4-0 ги постави Матри.

Во вториот натпревар од саботната програма Палермо и Лацио ги поделија бодовите играјќи 2-2.

Мх.П.