Дали ќе се завршат работите навреме на Јужната трибина на националната арена “Филип Втори“ во пресрет на гостувањето на англискиот гигант Ливерпул, е најчестото поставување прашање меѓу љубителите на фудбалот во Македонија.


Арената беше во план да се пушти во употреба на 2 Август, а голема е веројатноста, но и желбата таа да биде завршена порано и на спектакуларен начин фудбалскиот храм да биде осветен.


Билетите за мечот со Ливерпул ќе бидат пуштени во продажба од понеделник по цена од 300 денари. Првично ќе бидат во оптек 8 илјади билети за северната трибина, додека во зависно  од тоа дали ќе биде готова јужната трибина ќе бидат пуштени во продажба дополнителни 10 илјади билети.


Натпреврот ќе се игра во 20.45 минути .

М.П.