Јужноафриканскиот поет Монгани Вали Сероти е годинашниот добитник на „Златен венец“ на 51- те Струшки вечери на поезијата.

Сероти е роден е во 1944 година во Јоханезбург, творечки се развивал во апартхејдот и како автор се посветил на неправдите и суровата реалност на црнците и нивната култура.

На денешната прес конференција на раководството на манифестацијата, на која присуствуваше и министерката за култура, Елизабета канческа- Милеска, беше соопштено и името на добитникот на наградата „Мостови на Струга“ за најдобар поет-дебитант која фестивалот ја доделува заедно со УНЕСКО. Таа оди во рацете на францускиот поет Франсоа Ксавие Мегр, роден 1982 година.

OhridNews