Во врска со обвинувањата на ОО на СДСМ дека раководството на ЈЗУ Општа болница  неосновано  спроведува кадровски смени за да го забошоти инцидентот со поставувањето на фотомонтажата на огласната табла во управната барака, пристигна реакција од болницата.

Најостро ги осудуваме измислените напади кои веќе подолг временски период траат од страна на ОО СДСМ Охрид. Менаџерскиот тим на ЈЗУ Општа болница Охрид работи по своја развојна програма, која е исклучиво за подобрување на здравствена заштита на граѓаните во Општа болница Охрид. Замолуваме уште еднаш да не се занимаваат со организационите работи во болницата која работи исклучиво по закон, статут, систематизација и колективен договор. Внатрешната распределба е во надлежност на менаџерскиот тим на болницата, а се врши по укажаната потреба во службите. Затоа да се престане со политизирање на ЈЗУ Општа болница Охрид од страна на ОО СДСМ Охрид, велат од болницата.

OhridNews