Вчера околу 16 часот, на магистралниот пат Охрид-Ресен кај селото Косел, случена е сообраќајна незгода во која учествувале патнички автомобил „Мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управуван од 84 годишен жител од истото село и комби бус „Мерцедес“, кој вршел јавен превоз на патници, со охридски регистарски ознаки, ушравуван од 38 годижен жител на Охрид.

По незгодата, со возило на Итната медицинска помош до болницата „Св. Еразмо“, пренесени се возачот на автомобилот  и 59 годишен патник во комбето. По укажаната лекарска помош, двајцата се пуштени на домашно лекување, информира СВР Охрид.

OhridNews