При претрес во дом на 68-годишен жител на Вевчани, полициски службеници од ОВР Струга, пронашле и одзеле вкупно 2200 парчиња разновидни пиротехнички средства, што тој нелегално ги поседувал.
Лицето е приведено и по целосно документирање на настанот, ОВР Струга ќе поднесе соодветна кривична пријава. – соопшти полицијата.

Со тешки телесни повреди се здобил возачот на возилото „Опел“, констатирани во Општата болница во Струга, додека малолетно лице-сопатник во истото возило, се здобил со телесни повреди. Увид на местото на сообраќајната незгода, извршија полициски екипи. – информира СВР Охрид.
OhridNews
Фото: Илустрација










