Новоформираниот Народен театар од Охрид денеска за прв пат ќе настапи на фестивалот „Охридско лето“ со премиерната изведба на претставата „Кабаре Мистериозо“ во режија на Дејан Дамјановски.

Настапот на Охридскиот театар на „Охридско лето“ според драмскиот селектор на фестивалот, Ѓорѓи Јолевски е голем ден, како за фестивалот, за новоформираниот театар, за градот Охрид, така и за уметноста во Македонија во целина.

Уметничкиот раководител на Охридскиот театар, актерот Горан Стојановски, смета дека е постигната историска цел и ги повика сите на 15 август да дојдат и да ја проследат претставата.

Преставата „Кабаре Мистериозо“ која изобилува со многу хумор и сатира, ќе биде изведена на сцената во Предворјето на Света Софија, на 15 август со почеток од 21 часот.

OhridNews