Љубителите на театарот вечерва ќе можат да ја погледнат претставата „Кабаре Мистериозо“ во изведба на охридскиот Народен театар, која премиерно беше изведена на годинешното Охридско лето.

“Кабаре Мистериозо” е работена според текст на италјанскиот сатиричар, драматург, актер и режисер, Дарио Фо, а  режијата е на Дамјан Дамјановски.

Во претставата играат: Горан Стојаноски, Јасмина Билаловиќ, Стрезо Стаматовски, Билјана Билаловиќ, Никола Тодоровски, Адријана Билаловиќ, Ивица Чонев и Златко Митрески.

Претставата ќе се игра на сцената во малата сала на Центарот за култура “Григор Прличев”, со почеток во 20 часот.

OhridNews