Популарното кабаре шоу на извонредните професионални актери на Охридскиот театар Никола Тодороски и Стрезо Стаматовски, алијас „Two Mothers Brothers“, вечерва (сабота) ја отвара зимската сезона на забави во хотелот “Гарден“.

Шоуто е исполнето со креативен хумор, авторска музика и актерски импровизации, со кои Никола и Стрезо ја освоија публиката во Охрид и регионот.

Забавата во х. „Гарден“ ќе ја надополни музичкото трио „Мелем“

Кабаре шоуто „Two Mothers Brothers“ започнува во 20.30 часот, а резервации може да се извршат во х. „Гарден“.

OhridNews