Во сабота од 21 часот во клубот Jazz Inn, охриѓани повторно ќе имаат можност да го проследат кабарето “2 Mothers brothers” на Никола Тодороски и Стрезо Стаматовски.
Ова е проект на двајцата охридски актери кој трае час и половина и е исполнет до последна секунда со динамични авторски песни и преработки и секако основа на се е комедијата.
Картите за кабарето веќе се пуштени во продажба и можат да се купат во мјузик шоп ZZ Top по промотивна цена од 150 ден. во предпродажба и 200 ден. на денот на изведбата.
OhridNews