Кабелските оператори кои сакаат да ја реемитуваат програмата на сателитските телевизии БОМ (Best of Macedonia) и „K-15 мјузик“, ќе треба да склучат договор со охридската фирма „Интвау“, која е овластен застапник на австралиската компанија Plus Broadcasting Company, сопственик на двете телевизиите.
Мистеријата околу сопственоста на сателитските телевизии БОМ (Best of Macedonia) и „K-15 мјузик“, деновиве е разрешена, откако претставникот на Plus Broadcasting Company, Џон Јеремиќ, дојде директно од Австралија во Советот за радиодифузија, да ги ги расчисти сите дилеми.
Тој објасни дека договорот на Sydney Community TV (SCTV) за поседување на авторските права за БОМ и „K-15 мјузик“, бил фалсификат бидејќи компанијата е избришана од австралискиот регистар.
Јеремиќ кажа дека програмата што се емитувала во Македонија на БОМ не е идентична со онаа во Австралија, а кој емитувал програма во Македонија со логото на БОМ и К-15 Music, дополнително ќе се испитува.
-Претставник во Република Македонија за нивните авторски права е компанија од Охрид и сите кабелски оператори кои што сакаат легално да гИ реемитуваат БОМ и К-15 ќе треба да склучат договор со застапникот, или кажано точно сега тие две телевизии работат без дозвола од сопственикот и без регулирани авторски права, изјави претседателот на Советот за радиодифузија Зоран Трајчески, по средбата со претставникот на Plus Broadcasting Company.