
Кабинетот наведува дека по добивањето на податоците за намерите на вршење воен пуч во Турција, Армијата на Република Македонија презема низа мерки и активности за заштита на државната граница и информира дека во моментов се одржува состанок на групата за проценка за анализа на безбедносната состојба.
Кабинетот информира дека Иванов и раководителот на кризниот менаџмент постојано се информирани од субјектите задолжени да се справат и да ги превенираат заканите и ризиците. Кризниот менаџмент на Република Македонија ги следи состојбите во сите држави од регионот кои се соочуваат со безбедносни закани и мигрантската и бегалска криза.
-Република Македонија ja поддржува демократски избраната влада на Република Турција која како земја членка на НАТО и како исклучително значајна држава во соочувањето со глобалните предизвици e голем пријател и стратешки партнер на Република Македонија. Претседателот Иванов го поддржува нормализирањето на состојбите во Република Турцијa и повикува на почитување на демократските институции и избегнување на секаков вид на насилство и крвопролевање, соопшти Кабинетот на Иванов.
Претседателот, се додава во соопштението, смета дека мирот и стабилноста е од клучно значење за секоја од државите во регионот, и во овие моменти е потребна разумност и смиреност. Македонскиот претседател порачува дека политичките цели треба да се постигнуваат единствено со дијалог и во согласност со волјата на граѓаните на избори.
OhridNews











