Клупата која е поставена на почетокот од пешачката патека од „Горна Порта” до населбата „Кошишта“ веќе подолго време не е во функција на охриѓани и туристите, кои секојдневно минуваат во овој дел на градот. Непознати сторители ги однеле речиси сите делови на клупата освен нејзината основна рамка.
Исто така доколку тргнете пеш по улицата која води низ парк шумата, кон „Горна Порта“ ќе забележите дека по целата должина на паркот има само една клупа, каде што може да седнете и да одморите.
-Овде има само една клупа и таа е оштетена. Значи буквално, откако ќе ја искачиш оваа угорнина нема каде да се одмориш. Според мене би требало тука надлежните да постават повеќе клупи за одмор, вели еден помлад охриѓанец кој редовно пешачи во овој дел од Охрид.
Инаку недостиг од клупи за седење има и на повеќе други локации низ Охрид кои се атрактивни за рекреација и за туристички посети.
OhridNews