Охриѓани и гостите кои овој викенд ќе престојуваат во Охрид ќе може да уживаат во неколку живи свирки во охридските ноќни клубови.

Забавата стартува вечерва во 22 часот во клубот „Cuba Libre Beach&Bar “ каде што настапува познатиот музички изведувач Ѓоко Танески.

Добра забава најавуваат и од кафе бар „Шила“ каде што гостите ќе може да се забавуваат со охридскиот музички виртуоз Богдан Василевски кој ќе го промовира неговиот нов проект „Богдан и Пријателите“. Богдан ќе настапи заедно со веќе докажаните музички имиња Ненад Мурговски – Денвер (клавијатури и вокал) и Оливер Китаноски (гитара и вокал). Почетокот на забавата е во 22:30 часот.

Во сабота на 7-ми ноември со почеток во 22 часот во „Cuba Libre Beach&Bar“ настапува извонредниот бенд „Shine“.

Љубителите на староградската музика вечерва и утревечер ќе може да резервираат место во „Kadmo Lounge Bar“, каде што ќе може да уживаат во понудата на познати, испробани, но и нови специјалитети, ладни и топли закуски, традиционално вино и разни видови на други пијалаци. Почеток на забавата е во 21 часот. 

За деталите за овие и другите забави во Охрид овој викенд, како и за забавните настани кои се случуваат секојдневно, може да се информирате во рубриката „ШТО, КОГА, КАДЕ“ на најчитаниот интернет портал во регионот OhridNews.

OhridNews