Кадри Селман, скромниот работник со уметничка душа кој го разубавуваше Охрид, заминува во пензија
13.03.25 15:03
Скромниот работник со уметничка душа кој долги години го обликуваше градското зеленило во Охрид, а чии креации ги топлеа очите и ја галеа душата, Кадри Селман, заминува во пензија.
Селман од јавното зеленило во градот правеше вистинска бајка.
После 38 години работен стаж во ЈП „Охридски Комуналец“ Охрид, дисциплинирано, принципиелно и многу позитивно, нашиот колега Селман Кадри заминува во пензија. Веруваме дека и понатака ќе зрачиш со својата енергија разубавувајќи го нашиот град со твоите прекрасни, уметнички ремек дела исткаени од најобични грмушки и зеленило па до најубави фигури кои ги фасцинираат граѓаните и посетителите на нашиот град, велат од ЈП „Охридски Комуналец“.
Како вработен во претпријатието, Кадри, секој ден го дотеруваше и обликуваше зелениот појас на градскиот плоштад и кејот на начин на кој можат да ни позавидат многу побогати и многу попознати туристички дестинации во Европа.
Во 2020 година, по повод Денот на ослободувањето на Охрид, 7-ми ноември, а на предлог на група граѓани, тој доби и посебна награда за посветено и професионално работење во одржувањето и уредувањето на градските паркови и зеленило.
На 12112025 во 18:00 часот на улица „Димитар Влахов“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 58-годишно лице од Охрид затоа што физички нападнал полициски службеници кои презе...
Од страна на градежна компанија при вршење ископ за изградба на станбен објект во населбата СвСтефан, скината е цевка и денес од 11:40 часот, повеќе часа без вода ќе бидат корисниците од населбата ...
Градежните работи за реконструкцијата на плоштадот Крушевска Република почнуваат утре, додека повторно тендер за избор на изведувач за изградба на катната гаража ќе биде распишан на крај на месецов...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.