Едно лице е повредено во оружениот инцидент што синоќа се случил  во кафеаната „Конак“ – Кичевско.

Како што соопшти МВР,  Ј.Ч.(34) од с. Црвевци по претходна расправија од пиштол  што го поседувал без дозвола, испукал еден куршум кон со И.З.(49) од с.Стрелци, погодувајќи го во левата натколеница. И.З. бил пренесен во МЦ Кичево, а поради сериозноста на повредите е пренесен во Ургентниот центар Скопје.

Полицијата извршила вид на местото на настанот. Напаѓачот е приведен, а во тек се мерки за целосно расчистување на случајот.